Македонските футсалци ги почнаа подготовките за завршните евроквалификациски дуели
- Македонската репрезентација во футсал под водство на селекторот Васил Скендеровски ги почна мини подготовките за претстојните мартовски дуели против Холандија и Андора од завршните две кола во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Скопје, 2 март 2025 (МИА) – Македонската репрезентација во футсал под водство на селекторот Васил Скендеровски ги почна мини подготовките за претстојните мартовски дуели против Холандија и Андора од завршните две кола во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Македонските футсалци в петок ќе ја пречекаат Холандија во С.Ц. „Јане Сандански“ во Скопје, а пет денови подоцна ќе ѝ гостуваат на Андора
Селекторот Скендеровски за двете квалификациски пресметки повика 16 играчи.
Во квалификациската група 7 за пласман на Европското првенство, Македонија има освоено бод од четирите натпревари, откако на домашен терен одигравме 1:1 против Андора.
Португалија има максимални 12 бодови по четири меча, пред Холандија (5) и Андора (3). ег
ФОТО: ФФМ