• понеделник, 20 мај 2024

Македонските фудбалерки ја совладаа Летонија на стартот на евроквалификациите

Македонските фудбалерки ја совладаа Летонија на стартот на евроквалификациите

 

Рига, 5 април 2024 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација победнички го почна настапот во Лига Ц од квалификациите за Европското првенство 2025, совладувајќи ја вечерва Летонија на гостински терен во Рига со 4-3 (3-1).

Домашната репрезентација дојде во водство во 7. минута со голот на Карлина Максоне, но македонските фудбалерки во следните 25 минути целосно го свртеа резултатот во своја корист преку Гентјана Рочи (17. минута), автоголот на Анастасија Рочане (25) и капитенот Наташа Андонова (32).

Во вториот дел уследи уште еден автогол на домаќинките преку Ана Кристине Корнела за водство на Македонија во 69. минута од 4-2, а конечниот резултат го постави Анастасија Полоховича во 76. минута.

Избраничките на селекторот Александар Андов, кој денеска дебитираше на македонската клупа, во второто коло, на 9 април во Скопје, ја пречекуваат селекцијата на Словенија, која во воведното коло на домашен терен беше поуспешна од Молдавија со 2-0. ег ФОТО: ФФМ

 

Остани поврзан