Македонските фудбалерки од Латвија ги стартуваат евроквалификациите
- Избраничките на селекторот Кирил Изов воведниот натпревар во квалификациската група Ц 2 ќе го одиграат на 5 април, а четири денови подоцна ќе ја пречекаат Словенија.
Нион, 7 март 2024 (МИА) – УЕФА денеска го објави распоредот на натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025 кои македонската женска фудбалска репрезентација ќе ги почне со дуел на гостински терен против Латвија.
Избраничките на селекторот Кирил Изов воведниот натпревар во квалификациската група Ц 2 ќе го одиграат на 5 април, а четири денови подоцна ќе ја пречекаат Словенија.
Следува дуелот против Молдавија на домашен терен на 31 мај, а реваншот против истиот противник е закажан за 4 јуни.
Во завршните две кола македонските фудбалерки на 12 јули ќе ја пречекаат Латвија, а на 16 јули гостуваат во Словенија. ег ФОТО: ФФМ