• понеделник, 23 декември 2024

Македонските фудбалерки испуштија победа на гостувањето во Бугарија

Македонските фудбалерки испуштија победа на гостувањето во Бугарија

Софија, 5 декември 2023 (МИА) - Женската македонска фудбалска репрезентација вечерва пропушти победа против Бугарија на гостувањето во Софија. Ова беше натпревар од 4. коло во Лигата на нации.

Избраничките на селекторот Кирил Изов поведоа со 2:0 со головите на Гентијана Рочи (11. минута) и Илза Максути (62. минута).

Леонора Желева во 85. минута намали, а во петтата минута од судиското надополнување Лора Петрова ги постави конечните 2:2.

За Македонките ова беше прв реми и прв бод во овој квалификациски циклус.

По четири одиграни натпревари во Групата-5, лидер е селекцијата на Косово со 10, бодови, Бугарките собраа 5, македонските фудбалерки 1 бод. зс/

Остани поврзан