• недела, 19 мај 2024

Македонските фудбалерки до 17 години ќе одиграат два контролни натпревара со Црна Гора

Македонските фудбалерки до 17 години ќе одиграат два контролни натпревара со Црна Гора

Скопје, 21 февруари 2023 (МИА) – Македонската женска репрезентација составена од фудбалерки до 17 години, денес и в четврток ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора.

Контролните дуели ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски", во Скопје.

Селекторот Катерина Милеска за дуелите со Црногорките ги повика следните фудбалерки:
голмани: Мери Васева, Ведрана Комненова;
одбрана: Мила Панева, Слаѓана Ѓорѓиева, Катерина Петкова, Ива Јовановска, Михаела Марковска, Кристина Крстева, Елена Љондевска;
среден ред: Васка Василева, Никица Трендова, Теона Галабовска, Ангела Димчова, Рона Рустеми, Ева Величковска, Ангела Димчова, Рона Рустеми, Ева Величковска, Ана Боризоска;
напад: Меланија Грозданова, Анастасиа Илиевска, Јована Павловска, Емили Митковска, Настасја Накова, Мелиса Димитриоска, Хана Бафтиари. зс/

Остани поврзан