• петок, 05 декември 2025

Македонските тенисерки загубија од Португалија во финалето на Били Џин Кинг купот

Македонските тенисерки загубија од Португалија во финалето на Били Џин Кинг купот
Скопје, 10 јули 2022 (МИА) – Македонската женска тениска репрезентација е поразена од Португалија со 2:1 денес во финалето на Били Џин Кинг купот. Португалките по оваа победа изборија пласман во Втората евро-африкасна зона, додека Македонките остануваат во третата зона. На терените на ТК Југ, Португалија поведе со 1:0 со победата на Матилга Жорге над Магдалена Стоилковска со 7:6 и 6:3. Следуваше убедлив настап на Лина Ѓорческа на мечот со Франциска Жорге и победа во два сета (6:1 и 6:1) за изедначување на 1:1. Севкупниот победник беше решен по мечот во двојки кој им припадна на португалските тенисерки со 2:1 , по сетови 6:4, 4:6 и 6:4. зс/

Остани поврзан