Македонските ракометарки решени да им се реваншираат на Белгијките за поразот пред три дена
- Македонската женска ракометна репрезентација денес ја очекува значаен натпревар. Ривал на македонските ракометарки ќе биде селекцијата на Белгија која во средата во меѓусебниот дуел забележа победа на домашен терен со 26:25.
Куманово, 7 март 2026 (МИА) – Македонската женска ракометна репрезентација денес ја очекува значаен натпревар. Ривал на македонските ракометарки ќе биде селекцијата на Белгија која во средата во меѓусебниот дуел забележа победа на домашен терен со 26:25.
За „црвено-жолтите“ неопходна е победа со што би ги задржале шансите за пласман на Европско првенство 2026.
- Не очекува многу важен натпревар на којшто се надевам дека ќе се покажеме во многу подобро светло. Треба да сме фокусирани од прва секунда, во секој напад и одбрана. Ја анализиравме првата средба и ќе ги поправиме грешките. Се надевам дека со помошна публиката ќе славиме победа, изјави Јована Кипријановска.
Натпреварот во Куманово почнува во 17 часот.
Во групата – 3, Германките се на првата позиција со максимални три победи и шест бода, Словенија има 4 бода, Белгија 2, Македонија е без освоен бод. зс/
Фото: РФМ