• петок, 05 декември 2025

Македонските ракометари ќе имаат два контролни натпревара со Јапонија

Македонските ракометари ќе имаат два контролни натпревара со Јапонија

Скопје, 17 септември 2025 (МИА) - Македонската ракометна репрезентација ќе има двомеч со Јапонија во рамките на подготовките за Европското првенство 2026.

Јапонците во Скопје ќе дојдат за време на ЕХФ-неделата (27 октомври – 2 ноември) предвидена за тест средби.

Првиот меч ќе се одигра на 30 октомври, додека вториот е закажан на 1 ноември. зс/

Фото: РФМ

Остани поврзан