• недела, 30 јуни 2024

Македонските ракометари ќе играат за 9. место на СП до 19 години

Македонските ракометари ќе играат за 9. место на СП до 19 години

Копривница, 10 август 2023 (МИА) – Во вториот натпревар од разигрувањето за пласман од 9. до 12. место на ракометниот Мундијалот во Хрватска, македонската репрезентација до 19 години, вечерва во Копривница ја победи соодветната репрезентација на Унгарија со 22:20 (полувреме 12:12).

 

На првиот дуел од овој сегмент на Светското првенство Чешка денес ја совлада Саудиска Арабија со 36:33.

 

Па така, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ во битката за 9. место ќе ги одмерат силите против Чешка, додека за 11. место Унгарците ќе се соочат со Саудиска Арабија. зс/

Остани поврзан