• сабота, 29 јуни 2024

Македонските ракометари денеска го играат клучниот натпревар на СП против Чиле

Македонските ракометари денеска го играат клучниот натпревар на СП против Чиле
Каиро, 18 јануари 2021 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација попладнево против Чиле (15:30 часот) го игра клучниот натпревар на Светското првенство, откако двата високи порази на стартот ги исправија избраниците на Данило Брестовац пред императив од победа за пласман во втората мундијалска фаза. Двете репрезентации пред стартот на Мундијалот во Египет одиграа два контролни натпревари од затворен тип на почетокот на јануари во Скопје што македонските ракометари ги добија со 25:21 и 28:24. Македонските ракометари, како и јужноамериканскиот противник, претрпеа убедливи порази во првите две кола на Светското првенство, а денешниот победник заедно со Египет и Шведска ќе продолжат од групата Г во втората фаза на Мундијалот.ег/фф/

Остани поврзан