• недела, 22 декември 2024

Македонските одбојкари ќе играат во Златната лига, одбојкарките во Сребрената лига

Македонските одбојкари ќе играат во Златната лига, одбојкарките во Сребрената лига

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Машката одбојкарска репрезентација на Македонија трета година во низа ќе биде дел од силното континентално натпреварување, Златната Европска лига, откако Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука да достави апликација до Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) за учество во изданието во 2025 година, објави ОФМ.

Машкиот национален тим од 2014 година константно е дел од годишните натпреварувања на ЦЕВ и досега има освоено четири бронзени и два сребрени медали.

Извршниот одбор на Федерацијата даде „зелено светло“ и за учество на женската сениорска репрезентација во рамките од ЦЕВ Сребрената Европска лига 2025. Македонските одбојкарки втор пат во својата историја ќе бидат дел од ова натпреварување, откако претходно дебитираа во изданието во 2023 година. 

За машкиот и женскиот национален тим натпреварите од Златната, односно Сребрената Европска лига 2025 кои се на програмата во периодот мај – јуни следната година ќе претставуваат генерална проба во пресрет на реванш фазата од евроквалификациите, кои се играат во август 2025 година. зс/

Фото: ОФМ

Остани поврзан