Македонските одбојкари загубија од грчките во квалификациите за ЕП
- Македонската одбојкарска репрезентација вечерва загуби од грчката селекција со 1:3 во квалификациите за Европското првенство 2026.

Скопје, 25 август 2024 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација вечерва загуби од грчката селекција со 1:3 во квалификациите за Европското првенство 2026.
Мечот одигран вечерва во СЦ „Јане Сандански“ добро почна за Македонија. Нашите репрезентативци го добија првиот сет со 25:15.
Во продолжение, Грците ја поправија играта ги добија трите сета во низа (25:18, 25:23 и 25:20).
Во Ф-групата, Грција има една победа од еден натпревар, Македонија една победа и еден пораз, Грузија еден пораз.
Следен меч за избраниците на селекторот Хари Наковски е во јуни следната година, дома со Грузија, а квалификациите ќе ги завршат во август со гостувањето во Грција. зс/
Фото: ОФМ