Македонските кошаркарки со една промена во составот за дуелот со Хрватска
- Женската македонска кошаркарска репрезентација утре го игра третиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2027 година
Скопје, 17.ноември 2025 (МИА) – Женската македонска кошаркарска репрезентација утре го игра третиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2027 година. По двата домашни дуела со Данска и со Грција, избраничките на селекторот Александар Ашаданов и гостуваат на Хрватска.
Стручниот штаб се реши повторно за една промена во „ростерот“, па така меѓу 12-те кошаркарки се враќа Јана Пислевска. Во Скопје остана Теа Трајковска, која настапи на дуелот со Грција, како и Мартина Маркоска, која пак остана без настап на двата дуела.
По двете кола во групата „Ф“ сите четири репрезентации имаат по една победа и еден пораз. Македонските кошаркарки дуелот со Хрватска го играат во Славонски Брод, а почетокот е во 18 часот. мн/
www.mkd.basketball