Македонскиот филм „M“ на Вардан Тозија денеска на 19. издание на фестивалот „Слободна зона“ во Белград
- Македонскиот филм „М“ во режија на Варан Тозија денеска во 18 часот, во рамките на програмата „Зона без граници“ ќе биде прикажан на 19.издание на фестивалот „Слободна зона“ во Белград.
Скопје, 5 ноември 2023 (МИА) - Македонскиот филм „М“ во режија на Варан Тозија денеска во 18 часот, во рамките на програмата „Зона без граници“ ќе биде прикажан на 19.издание на фестивалот „Слободна зона“ во Белград.
Основан во 2005 година, Филмскиот фестивал „Слободна зона“ отвори простор за дебата, промоција, испрашување и разбирање на човековите права и сродните прашања, општествените појави и проблеми во светот и регионот. Од самиот почеток, ја поттикнува публиката да ги преиспитува своите вредности, предрасуди и поделба на одговорностите во општествениот и културниот контекст во кој живеат. Фестивалот прикажува во просек од 30 до 40 играни и документарни ангажирани филмови од целиот свет наградени на престижни светски фестивали.
Од 2013 година фестивалот се организира истовремено во: Белград, Нови Сад, и Ниш, филмовите се прикажуваат во 10 кино сали, а официјалното отворање се одржува паралелно во сите три града пред илјадници гледачи. Фестивалот е дел од една поширока иницијатива која трае во текот на целата година и вклучува фестивалска турнеја во 50 градови во Србија и едукативни програми.
Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, продуценти се Дарко Попов и Вардан Тозија, а филмот е работен со копродуценти од Франција, Хрватска, Косово и Лукембург.
Актерската екипа која ја сочинуваат: Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Верица Недеска, Владимир Тулиев, Оливер Митковски, Мирослав Петковиќ, Жаклина Петровска, Благоја Веселинов, Борис Дамовски, Јамина Билаловиќ, Михајло Миленковски и Тони Михајловски.
Кинематографер е Владимир Самоиловски, костимите се дело на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, музиката е на реномираниот филмски композитор Натаниел Бергес (Nathanaël Bergèse) во соработка со францускиот ко-продуцент „Les Contes Modernes“.
Филмот е поддржан од Агенција за филм, Хрватскиот аудио визуелен центар, Косово филм центар, SACEM (Франција) ТВ ТелМа (Македонија), Agora Co-Production Market at IFF Thessaloniki 2019 ScriptTeast 2020 – Script Development Workshop (Poland, Germany, France) Sofia Meetings (WiP) at IFF Sofia 2020. ев/