• среда, 18 декември 2024

Советот на амбасадори со сочувство до српската амбасадорка

Советот на амбасадори со сочувство до српската амбасадорка

Скопје, 3 мај 2023 (МИА) - Македонскиот Совет на амбасадори до амбасадорката на Република Србија во земјава, Невена Јовановиќ упати сочувство за масакрот во основното училиште во Белград, истакнувајќи дека ова е настан без преседан во историјата на целиот регион.

-Во овие тешки моменти за српскиот народ, дозволете ни во име на македонскиот Совет на амбасадори да Ви упатиме најдлабоки изрази на сочувство. Со огромен шок и неверица ја примивме веста за огромната трагедија во Белград која што заврши со загуба на млади животи и на образовни работници. Ова е настан без преседан во историјата на целиот регион. Во овие страотни моменти верувајте дека Вашата земја не е осамена и дека целиот Балкан ја дели болката и тагата заедно со граѓаните на Србија и со целото српско општество, се вели во соопштението од македонски Совет на амбасадори. фф/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан