Македонска Каменица подготвена за одбележувањето на тројниот празник, почна „Каменичко културно лето“
- Со низа активности, Македонска Каменица го одбележува тројниот празник – Денот на рударите, Денот на општината и големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, заштитничка на градот.
Македонска Каменица, 27 август 2025 (МИА) - Со низа активности, Македонска Каменица го одбележува тројниот празник – Денот на рударите, Денот на општината и големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, заштитничка на градот.
По повод празникот, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе се одржи свечена богослужба, со која ќе чиноначалствува епископот г. Марко.

Во рамки на празничната програма, вчера со настап на фолклорни групи од Македонска Каменица, Делчево и околните градови, како и од соседни земји, почна традиционалната манифестација „Каменичко културно лето“. Вечерва централниот настан ќе биде концертот на групата „Дивље Јагоде“, која е главен изведувач на вечерта.
По повод тројното празнување, градоначалникот на Општина Македонска Каменица денеска прими претставници на повеќе институции и организации кои учествуваа во гаснењето на пожарот во селата Косевица и Моштица.

-На средбата присуствуваа претставници од „Национални шуми“, ТППЕ Македонска Каменица, ЈП „Камена Река“, Единицата за спасување при Рудникот САСА, Полициското одделение во Македонска Каменица, ДПД „САСИ“, ОО Црвен крст – Делчево, како и од шумската и граничната полиција. На сите присутни им упатив честитки по повод празниците и искрена благодарност за храброста, пожртвуваноста и професионалноста во справувањето со пожарите, со што навремено биле заштитени домовите и имотите на граѓаните, се вели во информацијата на градоначалникот Димчо Атанасовски.
Тој изрази уверување дека Општина Македонска Каменица и во иднина ќе продолжи да ги поддржува надлежните институции и служби, со цел унапредување на системите за заштита и превенција, како и обезбедување. вс/фф/
Фото: Општина Македонска Каменица