• петок, 22 ноември 2024

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години одигра нерешено со Романија

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години одигра нерешено со Романија
Буфтеа, 9 август 2022 (МИА) – Македонската репрезентација составена од фудбалери до 18 години денеска го одигра првиот од двата контролни меча против соодветната селекција на Романија. На тренинг центарот Буфтеа резултатот беше 1:1. Голот за нашата репрезентација го постигна Никола Величковски во 65. минута. Романците изедначија по осум минути игра. Македонскиот селектор Тони Јакимовски на овој натпревар шанса да настапат им даде на: Петар Јакимов, Хадис Таири, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Кире Стојанов, Зани Назифи, Адриан Зенделовски, Алекс Митров, Андреј Аризанкоски, Теодор Николовски, Фиктрет Ливорека. зс/

Остани поврзан