• недела, 19 мај 2024

Македонската репрезентација за едно место го подобри пласманот на ФИФА ранг-листата

Македонската репрезентација за едно место го подобри пласманот на ФИФА ранг-листата

Цирих, 30 ноември 2023 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација има напредок  од едно место на најновата ранг-листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денес и сега се наоѓа на 65. место.

Прогресот се должи на ремито со Англија во ноемвриските квалификации за Европското првенство.

Скокот на ФИФА-листата не е поголем поради поразот од Италија во претпоследното квалификациско коло за Еуро 2024.

На првите 10 позиции се: Аргентина, Франција, Англија, Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан