Македонија утре заминува за Унгарија
- Кошаркарската репрезентација на Македонија рано утре заминува за Унгарија и Романија, каде ќе ги игра следните два натпревара од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2027 година во Катар
Скопје, 5.август 2025 (МИА) - Кошаркарската репрезентација на Македонија рано утре заминува за Унгарија и Романија, каде ќе ги игра следните два натпревара од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2027 година во Катар. По стартниот пораз од Романија во Куманово за селекторот Марјан Илиевски и за играчите победите ќе бидат императив.
Репрезентацијата попладнево во „базата“ во СРЦ Кале ќе има уште еден тренинг пред заминувањето. Селекторот Илиевски не направи никакви проемени и за Унгарија (Шолнок 9.август) и за Романија (Орадеа 13.август) ќе патуваат 15-те играчи кои беа во комбинација и за натпреварот во Куманово, што значи дека Илиевски нема да менува ништо во своите планови.
Истите играчи остануваат во тренажниот процес и во комбинација за следните натпревари вкупно три до крајот на претквалификациите.
Утре се игра и дуелот од второто коло меѓу Романија - Унгарија. мн/
Фото: Кошаркарска федерација на Македонија