• сабота, 11 мај 2024

Македонија и Молдавија одиграа без победник

Македонија и Молдавија одиграа без победник

Анталија, 22 март 2024 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација одигра 1:1 против против Молдавија на стадионот „Мардан“ во Анталија, Турција. 

Ова беше четвртиот меѓусбен натпревар на овие две селекции кој заврши без победник.

Бојан Миовски во 45. минута го постигна голот за водство на нашата репрезентација. На погодокот на Миовски му претходеше удар на капитенот Барди, удар кој голманот на Молдавија го одби до Миовски. 

Со еврогол на Дамашкан во 83. минута, Молдавија израмни на 1:1 за конечен резултат на контролниот натпревар меѓу двете селекции. 

Следниот тест на „жолто-црвените“ е дуелот против Црна Гора во понеделник полладне, исто така во Анталија.дс

Фото: ФФМ

Остани поврзан