Македонија го победи Сесвете во пријателски натпревар пред СП
- Ракометната репрезентација на Македонија оствари убедлива победа во пријателски натпревар против хрватски Сесвете со 42-28 (18-12).
Вараждин, 10 јануари 2025 (МИА) - Ракометната репрезентација на Македонија оствари убедлива победа во пријателски натпревар против хрватски Сесвете со 42-28 (18-12).
Дуелот е дел од подготовките за претстојното Светско првенство.
Последниот тест за ракометарите пред СП е закажан за 12 јануари против Зеленортските острови.
Македонија натпреварите на Мундијалот во Вараждин ги започнува на 15-ти јануари против Унгарија. Два дена подоцна играме со Холандија, а во последното коло ќе ги одмериме силите со Гвинеја.
Во главната фаза ќе се пласираат првите три репрезентации од групата, каде ќе вкрстат со најдобрите три селекции од групата Ц во која се Франција, Австрија, Катар и Кувајт. дс
Фото: Архива