• петок, 22 ноември 2024

Македонец возел на автопатот Белград-Ниш во спротивен правец

Македонец возел на автопатот Белград-Ниш во спротивен правец

Белград, 7 ноември 2023 (МИА) - Сообраќајната полиција на автопатот Белград-Ниш, кај Гроцка, сопрела возило марка „Фолксваген Голф“, кое 49-годишен државјанин на Северна Македонија го управувал по коловозната лента наменета за сообраќај на спротивната страна, јави дописникот на МИА од Белград.

- Полициски службеници на Управата на сообраќајната полиција, кои со пресретнувачи го контролираат сообраќајот, синоќа го запреле возилото на автопатот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Против државјанинот на Северна Македонија поднесена е прекршочна пријава, соопшти МВР на својот Инстаграм профил. об/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан