• петок, 22 ноември 2024

Мадуро со ултиматум до механизмот Ковакс

Мадуро со ултиматум до механизмот Ковакс
Каракас, 5 јули 2021 (МИА) - Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро упати ултиматум до механизмот Ковакс, што е задолжен за распределба на вакцини против Ковид-19. - Системот Ковакс е неуспешен. Го исполнивме својот дел од обврските. Моравме да користиме магија за да ги деблокираме замрзнатите фондови... Упатувам ултиматум – или составете ги вакцините или вратете ни ги парите, изјави синоќа Мадуро. Тој додаде дека Венецуела платила 120 милиони долари и оти не добила вакцини. - Венецуела знае од друго место да купи вакцини ако Ковакс ги врати парите, истакна Мадуро. Претходно, Мадуро изјави дека САД блокирале десет милиони долари, поседната уплата за Ковакс, поради американските санкции за Венецуела. Од почетокот на пандемијата во Венецуела заразени се 275.000 луѓе од кои 3.200 починале. Земјата од февруари има на расоплагање две вакцини против Ковид-19 – Спутник В и Синофарм. ми/

Остани поврзан