• петок, 05 декември 2025

Мадуро најави распоредување на 4,5 милиони милиционери во Венецуела

Мадуро најави распоредување на 4,5 милиони милиционери во Венецуела

Каракас, 19 август 2025 (МИА) – Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, најави активирање на 4,5 милиони припадници на милицијата како одговор на, како што рече, „американските закани“ поради распоредувањето на воени сили на САД на Карибите.

- Оваа недела ќе активирам специјален план со повеќе од 4,5 милиони милиционери за покривање на целата национална територија. Подготвени, активирани и вооружени, изјави Мадуро на државната телевизија.

САД неодамна ја удвоија наградата за неговото апсење на 50 милиони долари.

Милицијата, основана од поранешниот претседател Уго Чавез, брои околу пет милиони луѓе – цивили и резервисти – и се наоѓа под команда на армијата.

Мадуро изјави дека „пушките и ракетите треба да се дадат во рацете на селанството и работничката класа за да ја бранат татковината, територијата и мирот на Венецуела“.

Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела најави распоредување на американски поморски и воздушни сили на Карибите за операции против дрога, по што администрацијата на САД ја зголеми наградата за апсење на Мадуро, обвинет за поврзаност со наркокартел. ссм/

фото: архива

Остани поврзан