• недела, 22 декември 2024

Мадона почна со светската турнеја по повод 40 години на сцената

Мадона почна со светската турнеја по повод 40 години на сцената

Лондон, 18 октомври 2023 (МИА) - Мадона почна со турнејата „Celebration“ во Лондон, Велика Британија, по повод 40 години на сцената. Тоа, по одложувањето на настапите поради болеста што се јави кај поп-пејачката.

Пејачката, која во август наполни 65 години, излезе на сцената во „О-2 арената“, во саботата, на долгоочекуваниот почеток на нејзината нова светска турнеја. Таа за време на настапот се осврна и на нејзините здравствени проблеми, нагласувајќи дека тоа била „луда година“ за неа.

Мадона денеска повторно настапува во Лондон. Следат концерти во Белгија, Германија, Франција, Бразил, Италија, Канада, САД итн.  си/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан