Магла на Стража и патот Гајре-Попова Шапка
- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Поради појава на магла видливоста е намалена до 50 метри на патниот правец Гајре-Попова Шапка и планискиот премин Стра

Скопје, 11 јануари 2021 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Поради појава на магла видливоста е намалена до 50 метри на патниот правец Гајре-Попова Шапка и планискиот премин Стража.
Од ЈП „Македонија пат“ потсетуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци и апелираат за внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.фф/лв/