• четврток, 21 ноември 2024

Маврово и Ростуше објави конкурс за доделување еднократна помош за сите студенти од општината

Маврово и Ростуше објави конкурс за доделување еднократна помош за сите студенти од општината
Дебар, 20 јануари 2022 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше објави конкурс за доделување еднократен финансиски надомест во износ од по 6.000 денари за редовни и вонредни студенти од оваа општина. -Може да конкурираат редовни студенти, како и вонредни, но кои не се вработени, а се запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 година. Барањето може да се преземе преку линкот поставен на веб страницата на општината или во општината, изјави за МИА Омер Муратоски, овластен службеник за млади. Додава дека цел е мотивирање на младите да го продолжат школувањето на високо образовните институции и да се трудат редовно да ги полагаат испитите. Како што додаде, по 6.000 денари еднократно, ќе добие секој студент кој запишал прва година односно прв семестар на некои од државните и приватните универзитети во државата, секој студент кој запишал втора година односно трет семестар, трета година односно петти семестар, како и четврта година односно седми семестар. -Ова право ќе може да го остварат сите студенти кои се со адреса на живеење во општина Маврово и Ростуше. Не е потребен просек туку единствен услов е редовно полагање на испитите. Конкурсот трае до 7-ми идниот месец, кога ќе го знаеме точниот број, но наша првична оценка е дека со ова мерка ќе бидат опфатени четириесеттина студенти, додава Муратоски. Оваа општина од 2018 година еднократна парична помош во износ од по 5.000 денари доделува и за секое новороденче во семејства кои живеат постојано на територијата на општина Маврово и Ростуше.вт/бт/

Остани поврзан