МААЕ: Инспектори на пат кон Иран, се водат интензивни преговори за нуклеарната програма
- Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска соопшти дека тим инспектори на агенцијата е на пат за Иран, во случај Техеран и европските сили оваа недела да постигнат договор за да се спречи враќањето на санкциите.
Њујорк, 23 септември 2025 (МИА) - Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска соопшти дека тим инспектори на агенцијата е на пат за Иран, во случај Техеран и европските сили оваа недела да постигнат договор за да се спречи враќањето на санкциите.
Во изјава дадена на маргините на Генералното собрание на ОН, Гроси рече дека се водат „интензивни преговори“ за изнаоѓање решение меѓу МААЕ, Иран, европските сили и САД.
- Имаме само неколку часа, денови, да видиме дали нешто може да се постигне, и тоа е напорот во кој сите сме ангажирани, додаде генералниот директор на МААЕ. ссм/
фото: архива