• четврток, 26 декември 2024

„Луѓето, а не градот“ - нова книга од Снежана Младеновска-Анѓелков

„Луѓето, а не градот“ - нова книга од Снежана Младеновска-Анѓелков
Скопје, 21 ноември 2022 (МИА) - Издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ ја објави книгата „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска-Анѓелков, која во 2012 ја доби наградата „Роман на годината“ за нејзината дебитантска книга „Единаесет жени“. Според рецензијата, новата прозна книга на авторката е слоевито, хибридно дело, одлично обмислена комбинација од реални животни приказни обликувани низ книжевно-раскажувачка визура, кои се движат низ хронотопот град Скопје во текот на неколку децении. -Со тоа, на читателите им се дава фунционален објектив низ кој ги следат трансформациите на урбаниот простор, како и на начинот на живот, менталитетот, навиките, гледиштата на скопските жители од различни маала на градот, се наведува за книгата. Снежана Младеновска Анѓелков (1977, Скопје) дипломирала на ФДУ на отсекот за филмска и ТВ-монтажа во 2000 година и е магистер по уметности - област филмска и ТВ-монтажа. Нејзиниот прв роман „Единаесет жени“ (2011) ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, и потоа имаше уште две изданија. Во финалето за оваа награда беше и вториот нејзин роман - „Молчи со отворена уста“ (2019). Таа е авторка и на филмско-есеистичката книга „Слики со животна уверливост“ (2014) посветена на филмовите на режисерот Владимир Блажевски. хс/вг/

Остани поврзан