• четврток, 07 ноември 2024

Луксузен имот близу Лас Вегас, со свој мини аеродром, се продава за 25 милиони долари

Луксузен имот близу Лас Вегас, со свој мини аеродром, се продава за 25 милиони долари
Лос Анџелес, 11 мај 2022 (МИА) - Зa oние кои имаат милиони на банкарските сметки, се препорачува ранчот „Каза де Шенандоах“, што се наоѓа близу Лас Вегас, Невада, САД. Имотот што некогаш му припаѓал на американскиот пејач и глумец Вејн Њутн, денес чини 25 милиони долари. Притоа, главната вила, меѓу другото, има три спални соби и седум бањи, а дел од имотот се и седум дополнителни објекти за престој. Дел од имотот е дури и мини аеродром и терминал кој овозможува пристап со авион до самата вила. https://youtu.be/HrteRuOh_ds Во вилата, скалите се направени во бело и позлатени, подот е од мермер - естетика карактеристична за Вегас.   На имотот има и парк за автомобили што може да собере до 100 возила, но и штала за коњи и градина што порано била дом на егзотични животни. Новиот сопственик ќе си има и соба за рекреативни игри и тениско игралиште во рамките на имотот. Пред вилата има и базен, како и тревници и шеталите покрај блиското езеро.  си/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан