• понеделник, 01 јули 2024

Лукоил стана спонзор на Хајдук, Торцида ќе има попусти на бензинските пумпи

Лукоил стана спонзор на Хајдук, Торцида ќе има попусти на бензинските пумпи

Сплит, 5 август 2023 (МИА) - Хајдук потпиша спонзорски договор со Лукоил-Хрватска, јавува клупската прес-служба.

 

Се истакнува дека според програмата за лојалност, која ќе биде воведена на 10 август, навивачите на тимот ќе можат да добијат попусти на бензинските пумпи на компанијата низ цела Хрватска.

 

- Ова е голема чест за нас, голем ден. Хајдук е најголемиот спортски бренд во Хрватска, тоа го препознаваме и се надеваме дека преку оваа соработка ќе реализираме многу квалитетни заеднички проекти, се вели во соопштението на клубот.

 

Хајдук е 15-кратен национален шампион и 17-кратен освојувач на Купот на Хрватска. зс/

 

Фото: ФК Хајдук

Остани поврзан