Лука Дончиќ побара повлекување на брендот „Лука Дончиќ 7“
- Ѝ даде согласност на својата мајка Мирјам Потербин за регистрација на неговото полно име како заштитен знак. Потоа следат несогласувањата со неа.

Љубљана, 7 септември 2022 (МИА) - Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ презеде правни чекори за повлекување на брендот „Лука Дончиќ 7“, чијшто управител е неговата мајка со цел основање нов целосно негов бренд, соопшти правната фирма „Браун Радник“ што го застапува 23-годишниот спортист.
- Имам многу што да очекувам бидејќи продолжувам да растем како играч и личност и важно ми е да го контролирам мојот сопствен бренд и да се сосредоточам на враќањето во моите заедници, рече Дончиќ во изјава за „Стајн лајн“ (The Stein Line).