• понеделник, 23 декември 2024

Лукашенко: Пригожин не е веќе во Белорусија, се врати во Санкт Петербург

Лукашенко: Пригожин не е веќе во Белорусија, се врати во Санкт Петербург

Минск, 6 јули 2023 (МИА) - Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави дека лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, веќе не е во Белорусија, туку во Санкт Петербург, пренесе Индекс, хр.

-Тоа е руска компанија. Значи, прашањето очигледно не е за мене. Колку што сум информиран, борците се во нивните кампови. Што се однесува до Пригожин, тој е во Санкт Петербург. Тој не е на територијата на Белорусија, рече Лукашенко.

По драматичните два дена од пред 10 дена во Русија, тогаш Лукашенко соопшти дека е постигнат договор со руските власти и Пригожин тој да замине во Белорусија, како дел од договорот за ставање крај на неговиот обид за вооружен бунт.сд/

Остани поврзан