• петок, 22 ноември 2024

Лукашенко помилува 30 политички затвореници

Лукашенко помилува 30 политички затвореници

Талин, 4 септември 2024 (МИА) - Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска помилува 30 луѓе кои отслужуваат затворски казни поради „злосторства поврзани со протести“, објави неговата прес-служба.

Ова е трет пат за три месеци авторитарниот лидер да помилува затвореници. Имињата на ослободените не се објавени, но меѓу нив има седум жени.

Прес-службата на Лукашенко објави дека сите помилувани ја признале својата вина, искрено се покајале и ветиле дека ќе водат живот со почитување на законите.

Околу 1.400 политички затвореници се зад решетки во Белорусија, меѓу кои и добитникот на Нобеловата награда за мир Алес Бјатски и полскиот новинар Анджеј Почобут, чие ослободување го бара Полска.

Најмалку шест политички затвореници починале зад решетки, соопшти Центарот за човекови права „Весна“.

Лукашенко минатиот месец помилува 30 луѓе осудени за учество во масовни протести, вклучително и новинари и активисти со тешки болести.

Во јули беа ослободени 18 политички затвореници, меѓу кои и лидерот на Белорускиот народен фронт, Рихор Кастусиоу, кој боледува од рак. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан