• недела, 22 декември 2024

Лукаревска од трибината во Куманово: Повеќе за сите е нашиот концепт за европска држава

Лукаревска од трибината во Куманово: Повеќе за сите е нашиот концепт за европска држава

Скопје, 15 декември 2023

Повеќе за сите не се мерките и политиките со кои враќаме пари назад кај граѓаните, повеќе за сите е и нашата визија, нашиот концепт за европска држава, затоа што со членство на ЕУ секој добива, граѓаните, државата, младите, сите, рече вечерва заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на трибината „Повеќе за сите“ во Куманово.

-СДСМ покажа дека со одговорни мерки и социјалдемократски економски политики парите на граѓаните може да завршуваат назад кај граѓаните. Не за споменици, барок и стиропор туку за погголеми плати, пензии, пакети финансика помош. Ако за неколку години успеавме да ја зголемиме минималната плата од 9.000 денари на 20.000 денари, ако успеавме просечната плата да ја зголемиме за 250 евра, ако успеавме просечната и минималната пензија да ги зголемиме за 50%, со членство во ЕУ овие бројки ќе бидат драстично, неколкукратно поголеми. Визијата за европска држава, за членство во ЕУ е визија за поголем животен стандард, повисоки плати и пензии и до 70% поголеми. И тоа е повеќе за сите, рече Лукаревска.

Затоа, блокадата на европскиот пат е блокада на поголеми плати и пензии, додаде Лукаревска.

-Ние денеска можевме да славиме за отворање на поглавјата, но поради активната блокада на ДПМНЕ тоа не се случи. Иако имаме исклучително успешно завршен скрининг процес, иако имаме поддршка и отворени врати на Унијата. Попречувањето на европскиот пат на земјата има име и презиме, тоа е ВРМО- ДПМНЕ. Но оваа блокада ќе биде само времена. Со победа на Европскиот фронт предводен од СДСМ на двојните избори антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица ќе биде поразена. Заедно со граѓаните во следниот мандат ќе ја внесеме земјата во ЕУ, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибината „Повеќе за сите“ во Куманово.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

Остани поврзан