• среда, 20 ноември 2024

Лукаревска на средба со граѓаните од Штип, порача дека победничките програми ќе ги креираат преку гласот на народот

Лукаревска на средба со граѓаните од Штип, порача дека победничките програми ќе ги креираат преку гласот на народот
Скопје, 15 јуни 2021 Како дел од засилените теренски активности, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска на маалска средба заедно со граѓаните на Штип разговараше за работата и проектите кои СДСМ како на централно така и на локално ниво ги реализираше  во изминатиов период и кои се цврста потврда за тоа дека СДСМ е најдоброто за нашата општина. Направивме многу, поставивме високи стандарди на одговорно, чесно, транспарентно водење на централните институции но и на општините, постигнат е сериозен напредок и развој во локалните самоуправи, рече Лукаревска. Поради ваквата поставеност и ваквиот пристап успеавме да реализираме огромен број на проекти од битно и суштинско значење за граѓаните, за унапредување на квалитетот на живеење за сите. Затоа зборуваме за најдоброро. Ќее напоменам само неколку кои првенствено вам штипјани ви  овозможуваат подобра, побрза и побезбедна поврзаност како: Изградба на автопат Миладиновци – Штип, 47 км. Регионалните патишта Штип-Радовиш и Кадифаково-Штип. Во тек е 2 фаза од експресниот пат Штип- Радовиш и уште низа други инвестици за развој на локалната патна мрежа. Но и детска градинка, нов мост, водоснабдување на населба Македонка, во подготовка е и  постапка за водоснабдување на населбите блок 77 и Каваклија. Грижата за граѓаните стана препознатлив печат на политиките на СДСМ.  Со адаптација на простор направивме  Мал групен дом во Штип за 10 деца а го опремивме и ДЦ Порака. Секако тука е и кашиталниот проект брана на река Отиња. Затоа од вас ја добиваме поддршката зато што сме партија која мисли и се грижи подеднакво за сите, истакна Лукаревска пред присутните на маалската средба. Покажавме дека СДСМ работи и ќе продолжи да работи заедно со граѓаните на секој град на секоја општина, на секое населено место. Она што вие граѓаните ќе го посочите како суштинска потрба за вас ,за вашата општина ќе биде нотирано, анализирано и ќе стане дел од нашата програма со којашто заедно ќе оствариме уште една голема победа на СДСМ, уште една победа на граѓаните! Ценатар за комуникации со јавноста СДСМ ________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан