• петок, 05 декември 2025

Лукановски и Стојковиќ тренираа во Гевгелија

Лукановски и Стојковиќ тренираа во Гевгелија

Гевгелија, 22.јули 2025 (МИА) - Двоецот кошаркарски младински репрезентативци на Македонија се приклучи на подготовките на А репрезентацијата во Гевгелија. Марко Лукановски и Стефан Стојковиќ од денеска се „под палката“ на селекторот Марјан Илиевски во Гевгелија, каде веќе имаа и еден тренинг.

Двајцата млади играчи имаа „оправдно отсуство“ бидејќи беа дел од македонската репрезентација која настапуваше на Европското првенство Б дивизија во Ерменија. Лукановски и Стојковиќ беа и предводници на младинската репрезентација на натпреварите во Ереван.  

На подготовките во Гевгелија Македонија на 25 и 26.јули ќе одигра два пријателски натпревара со Швајцарија.   мн/

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

Остани поврзан