• среда, 01 април 2026

Лукаку пред суспензија во Наполи

Лукаку пред суспензија во Наполи


Неапол, 31 март 2026 (МИА) – Клупска суспензија му се заканува на Ромелу Лукаку, откако белгискиот напаѓач не се појави на тренингот на Наполи и покрај тоа што се повлече од репрезентативните обврски поради повреда, соопшти денеска калчолигашот од Неапол.
Наполи потврди дека Лукаку не се појавил на клупскиот тренинг, најавувајќи можни дисциплински мерки против белгискиот напаѓач.
Лукаку не отпатува со белгиската репрезентација на подготвителните натпревари во САД за да се посвети на својата физичка подготвеност. Италијанските медиуми објавија дека Лукаку одбил да се врати на клупските тренинзи поради рехабилитацијата.
„Наполи може да потврди дека Ромелу Лукаку не одговори на денешната покана да се врати на тренинг. Клубот го задржува правото да размисли за преземање соодветни дисциплински мерки, како и да одлучи дали играчот ќе продолжи да тренира со тимот на неодредено време“, се вели во соопштението на Наполи. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан