• недела, 22 декември 2024

Лукаку не дозволи Јувентус да му „избега“ на Интер

Лукаку не дозволи Јувентус да му „избега“ на Интер
Удине, 2 февруари 2020 (МИА) – Напаѓачот на Унтер, Ромелу Лукаку беше двоен стрелец во победата на Интер вечерва на гостувањето кај Удинезе со 2:0. Белгиецот двата гола ги постигна во второто полувреме. Дваесет и шестгодишниот Белгиец постигна осум голови на последните осум натпревари за Интер и стигна до 16 гола на 22 натпревари од италијанскиот шампионат за трето место на листата на стрелците. Поефикасни од Лукаку се напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо со 19 и Чиро Имобиле од Лацио со 25 гола. Интер со новите три бода му се доближи на лидерот Јувентус на три негатива. Сега „неро-азурите“ имаат 51 бод, Јувентус е прв со 54. зс/

Остани поврзан