• недела, 05 мај 2024

Лукаку: Инзаги знае како да го разбуди лавот во мене

Лукаку: Инзаги знае како да го разбуди лавот во мене

Милано, 2 јануари 2023 (МИА) - Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку зборуваше за соработката со главниот тренер на тимот Симоне Инзаги.

- Сакам да играм под негова палка. Инзаги знае како да ги мотивира играчите, може да најде пристап кон сите и знае како да го разбуди лавот во мене. Многу го почитувам. Се надевам дека заедно ќе му помогнеме на тимот да успее оваа сезона, изјави Лукаку за „Sky Italia“.

Претходно белгискиот напаѓач изјави дека не сака да го напушти миланскиот клуб во кој настапува како позајмен играч.

Лукаку пропушти околу два месеца оваа сезона поради повреда. Во Серија А одигра само четир натпревари и постигна еден гол. зс/

Остани поврзан