• петок, 05 декември 2025

Лорис за отказот на Постекоглу: Веќе ништо не ме изненадува во фудбалот

Лорис за отказот на Постекоглу: Веќе ништо не ме изненадува во фудбалот

Лондон, 17 јуни 2025 (МИА) - Поранешниот голман на Тотенхем, Хуго Лорис го коментираше отказот на Анже Постекоглу како главен тренер на Тотенхем.

- Веќе ништо не ме изненадува во фудбалот. Не знам што се случи внатре во клубот, па тешко ми е да судам. Ако ја донесоа оваа одлука, тоа значи дека мислат дека има друга опција која е подобра за иднината на клубот. Она што го направи Анже Постекоглу беше едноставно одлично, изјави Лорис.

Тотенхем го отпушти Постекоглу на почетокот на јуни, а Томас Франк го замени како главен тренер. 

Гркот го водеше тимот од 2023 година. Минатата сезона, под негово водство, Спарс ја освоија Лигата на Европа и тоа беше нивни прв трофеј од 2008 година. 

Британските медиуми пишуваа дека Постекоглу би можел да стане главен тренер на Ал-Ахли. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан