• недела, 21 јули 2024

Лопез ја игра последната година од својата кариера

Лопез ја игра последната година од својата кариера

Мадрид, 2 јануари 2023 (МИА) - Шпанецот Фелисијано Лопез планира да се повлече од спортот во 2023 година, објави „We Are Tennis“.

Четириесет и едногодишниот шпански тенисер игра професионално од 1997 година. Има седум титули на АТП турнирите во сингл и шест во двојки, вклучувајќи го и Ролан Гарос - 2016 година.

Сега не е во топ 500 во сингл, но е на 72-то место на АТП-листата во двојки. Во 2022 година ја освои титулата во Акапулко заедно со Стефанос Циципас.

Од 2019 година Лопез е директор на Мастерсот во Мадрид. зс/

Остани поврзан