• сабота, 21 декември 2024

Лонзо Бол се врати на паркетот по пауза од три години

Лонзо Бол се врати на паркетот по пауза од три години


Чикаго, 17 октомври 2024 (МИА) – Кошаркарот на НБА лигашот Чикаго, Лонзо Бол, денеска се врати на теренот по речиси тригодишна пауза и повеќе операции на коленото.
Чикаго ја победија Минесота со 125:123 во подготвителниот натпревар пред почетокот на новата сезона во НБА лигата, а Бол за 15 минути постигна 10 поени, со една асистенција, една украдена топка и една блокада.
Тоа беше натпревар за Бол од 14 јануари 2022 година.
„Се чувствувам многу подобро кога играм отколку кога само гледам. Не можам да опишам како се чувствував на теренот“, изјави Бол.
Тој беше подложен на трансплантација на ’рскавица и менискус на левото колено минатата година, откако две операции не успеаја да го решат проблемот со повредата. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан