• понеделник, 23 декември 2024

Програма за развој на заедницата со интензивни активности во регионот Малеш-Пијанец

Програма за развој на заедницата со интензивни активности во регионот Малеш-Пијанец
Пехчево, 4 март 2023 (МИА) - Спроведување на инфраструктурни проекти од различен тип и воведување различни културни, едукативни и социјални содржини со цел заживување на руралните средини во Пијанечко-Малешевскиот регион. Ова е заклучокот реализираните активностите на Програмата за развој на заедницата, чиј претставник во изминатиот период оствари неколку средби со фокус групи на територијата на Локалната акциска група ,,Малеш-Пијанец", а беше остварена и средба со претседателот и претставници на месната заедница во селото Стар Истевник и Разловци.
-На средбата присутните ги споделија предизвиците со кои се соочува населението во овие села. Главната оценка е дека село Истевник иако е речиси раселено, млади ентузијасти почнуваат да се враќаат со цел да развиваат рурален туризам и пермакултура. Разловци е едно од поголемите села во делчевската општина. Тука населението има потреба од спроведување на инфраструктурни проекти од различен тип, но со една цел, селото повторно да заживее преку различни културни, едукативни, социјални содржини, истакнаа од ЛАГ „Малеш-Пијанец".
 
Во рамки на активности на фокус групите, како што додадоа, реализирани се и неколку средби со младите од Делчево и Берово.
-Гласот на младите треба да се слуша секогаш, токму затоа и беше организирана средба со претставници од училишните заедници при ОСУ “Ацо Русковски” од Берово и СОУ Методи Митевски Брицо од Делчево. 
Разговаравме за проблемите и потребите на младите во овој регион, како тие го исполнуваат нивното секојдневие и како во иднина се гледаат себе си како клучни чинители во својата локална заедница. Тие со нас споделија повеќе идеи кои во периодот кој следува ќе бидат разгледани и дополнително дискутирани за нивна реализација, додадоа од ЛАГ „Малеш-Пијанец".
Програмата за развој на заедницата е финансиран од USAID North Macedonia , а имплементиран од страна на Rural Development Network of North Macedonia. вс/сст/
 
фото МИА

Остани поврзан