• недела, 22 декември 2024

Логсдон: Приднестровје треба да добие посебен статус во рамките на Молдавија

Логсдон: Приднестровје треба да добие посебен статус во рамките на Молдавија
Кишињев, 11 јуни 2022 (МИА) - Американскиот амбасадор во Молдавија, Кент Дојл Логсдон, изјави денеска дека Придњестровје треба да добие специјален статус во рамките на Молдавија. -Сакаме да направиме се што можеме за да го зачуваме интегритетот и безбедноста на Молдавија. Излез од кризата гледаме во давањето специјален статус за Придњестровје, како дел од Молдавија, изјави амбасадорот за време на посетата на молдавскиот град Белција. Амбасадорот нагласи дека САД се за продолжување на политичките преговори меѓу Тираспол и Кишињев во формат „5 + 2“. Кишињев и Тираспол учествуваат во преговорите за решение на овој регион во формат „5 + 2“ како страни во конфликтот, Русија, Украина и ОБСЕ како посредници, а Европската унија и САД како набљудувачи. -САД ќе продолжат да го поддржуваат решавањето на конфликтот во овој формат. Тоа е долгорочен процес, но се заснова на мирно решавање на конфликтот, односно на она што ги прави подобри животите на луѓето од левиот и десниот брег, рече Логсдон. Молдавскиот заменик премиер за реинтеграција, Олег Серебријан, претходно изјави дека форматот „5 + 2“ за решавање на конфликтот во Придњестровје престанал да биде функционален поради затегнатите односи меѓу Украина и Русија. Официјален Кишињев, меѓутоа, во моментов не инсистира на промена на тој формат. сд/

Остани поврзан