• недела, 22 декември 2024

Лога се сретна со новиот амбасадор на Австрија, Памер

Лога се сретна со новиот амбасадор на Австрија, Памер

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Министерот за правда, Кренар Лога, денеска оствари средба со новиот амбасадор на Република Австрија во Скопје, Мартин Памер, известуваат од Министерство за правда, додавајќи дека министерот Лога изрази уверување дека билатералните односи и соработката меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат и во наредниот период.

-Амбасадорот Памер изрази интерес за уставните измени и состојбите во правосудството. Беше информиран за законодавната агенда на Министерството за правда, потребата од дигитализација, новиот Кривичен законик, се вели во соопштението на МП.

Оттаму исто така информираат дека Лога рече дека само со нов Судски совет, нов Јавен обвинител и нов АКМИС може да кратко време да се врати довербата на граѓаните во судството, и дека Австрија останува партнер земјава на патот кон полноправно членство во ЕУ. сх/са/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан