• понеделник, 23 декември 2024

Лога -Вуцас: Ќе се унапреди соработка со Австрија за спроведување на реформските приоритети

Лога  -Вуцас: Ќе се унапреди соработка со Австрија за спроведување на реформските приоритети

Скопје, 17 март 2023 (МИА) - Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со амбасадорот на Австрија, Георг Вуцас. На средбата, амбасадорот Вуцас беше информиран за активностите кои ги презема Министерството за правда во делот на реформите за изборните правила, законите кои се во собраниска процедура, евроинтегративниот процес и владеењето на правото.

Како што информираат од Министерството за правада, беше отворено и прашањето за ветингот при што министерот за правда Кренар Лога рече дека очекува од Австрија и од меѓународната заедница целосна поддршка за реализација на овој процес. Се разговараше и за уставните измени и очекувањата наскоро да отпочнат стручните јавни расправи на оваа тема.

На денешната средба се разговараше и за работната посета на министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ која доаѓа во нашата земја на 29 март. Министерот Лога и амбасадорот на Австрија Вуцас ги договараа деталите за средбата и меморандумот за соработка кој ќе треба да се потпише.  Лога и Задиќ ќе ги споделуваат практичните искуства на двете земји од областа на кривичната и граѓанската материја, а ќе се организира и заедничка работилница со експерти од двете држави. сст/дма/

фото Министерство за правда 

Остани поврзан