• петок, 15 ноември 2024

Лишен од слобода неготинец по пријава од сопругата дека физички ја нападнал 

Лишен од слобода неготинец по пријава од сопругата дека физички ја нападнал 

Неготино, 12 август 2024 (МИА) - Неготинец бил лишен од слобода по пријава од сопругата дека физички ја нападнал, информираа денеска од СВР Велес. 

- Синоќа во 18.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода неготинецот Б.М.(59), затоа што во семејната куќа физички ја нападнал неговата 58–годишна сопруга. За настанот е известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопштија од СВР Велес. 

Оттаму информираа дека вчера во 14.30 часот во Полициската станица Кавадарци, 35-годишник од овој град пријавил дека завчера околу 23.00 часот на градскиот плоштад во Кавадарци, неговата 14–годишна ќерка се качила во патничко возило „фолксваген голф“, во кое биле неколку лица, за да ја превезат до домот, но лицето кое го управувало возилото не запрело пред домот, туку продолжило со движење.

- Вчера малолетничката била пронајдена и била вратена во домот. За настанот бил известен Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР Велес. свд/дма/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан