• петок, 15 ноември 2024

Лишен од слобода крадец во Тетово

Лишен од слобода крадец во Тетово

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) - Во Тетово вчера во 17:15 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода З.Џ.(23) од тетовско Желино, поради основи на сомнение дека е извршител на неколку кражби и тешки кражби во тетовското подрачје, пријавени во текот на минатиот и овој месец, при што биле украдени електрични тротинети, велосипеди и други предмети.

Од МВР денеска информираа дека при преглед кај него бил пронајден и одземен  остар предмет. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.  цр/дма/

Фото: МИА архива                                                                      

 

Остани поврзан