• недела, 22 декември 2024

Лишен од слобода крадец во Свети Николе

Лишен од слобода крадец во Свети Николе

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе вчера во 18.30 часот го лишиле од слобода Д.В.(32) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин.

Како што информира денеска МВР, тој се сомничи дека на 7 септември во 19.40 часот во Свети Николе, на А.Ј.(72) му одзел паричник со лични документи, пари и мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. сст/са/

 


 
 

Остани поврзан